Шпанскиот првак Барселона е фаворит да го добие потписот на 18-годишната бразилска ѕвезда, Витор Роке. Тинејџерот е на листата на повеќе европски гиганти, но каталонскиот гигант е најсериозна опција.
Роке постигна 22 гола, а имаше и девет асистенции во 66 меча што ги одигра во дресот на Атлетико Параненсе. Талентот дури одигра и еден меч за бразилската репрезентација во пријателскиот меч против Мароко.
Агентот на Роке откри дека веќе имале позитивни разговори со новиот директор на Барселона, Деко.
„Разговаравме со Деко и избравме дека Барселона е најдобриот проект за Витор“, вели агентот на бразилскиот фудбалер. Се очекува договорот да биде официјализиран до крајот на преодниот рок, а трансферот да вреди околу 45 милиони евра.