26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Барселона се пофали дека потпиша со четворица фудбалери, но дали Меси е меѓу нив?

Каталонскиот гигант Барселона потврди дека ги продолжила договорите со четворица стандардни фудбалери. Нови договори постигнаа Жарарт Пике, Марк-Андре тер Штеген, Клемент Ленгле и Френки де Јонг.

Искусниот дефанзивец договорот го продолжи до 2024 година, додека голманот Тер-Штеген се согласи да остане на „Камп ноу“ до 2025 година. Помладите Ленгле и Де Јонг се обврзаа на верност со Барселона до 2026 година.

Сепак, Барселона не успева да го добие најважниот потпис, оној на Лионел Меси. Аргентинецот кој сакаше да си оди во летниот преоден рок, има договор до крајот на сезонава и вистинско чудо ќе биде ако челниците на клубот го убедат Лео да остане во клубот во кој поминува цели 20 години, но поради лоши односи до претседателот, сега сака да си оди.

- Оглас -

Најнови вести