Каталонскиот гигант Барселона ја загуби челната позиција во шпанската Примера дивисион откако загуби на гости кај Валенсија, а Реал Мадрид ги освои трите бода против Валјадолид. Според резултатите од оваа сезона, Барселона полека но сигурно станува екипа која е сигурна само пред своите навивачи, а на гостински терен не може сигурно да смета на освојување бодови.
Каталонскиот гигант на „Камп ноу“ освои 28 од можните 30 бодови, но кога се работи за гостински терен, работата е поинаква. На туѓ терен, во 11 средби, Барселона има само четири победи, три нерешени и дури четири порази. Вкупно од 33 можни бодови, Барселона освои само 18 на гости, па затоа и добро е што има само три бода заостанување зад лидерот Реал Мадрид.