Хаосот во Барселона стана поголем по одлуката на шестмина директори на клубот да си поднесат оставка поради претседателот Бартомеу. Незадоволни од управувањето со клубот, шестемина членови на одборот во заедничко писмо поднесоа неотповиклива оставка.
„Се доведовме до ситуација да се сметаме за неспособни во раководењето на клубот. Не можеме да ги вратиме критериумите да управуваме со колективот во пресрет на предизвиците во иднина, дополнително да се справиме со ситуацијата со Коронавирусот. Исто така сме незадоволни со несреќната епизода со манимулирањето на социјалните мрежи наречена „Барсагејт“, за која дознавме преку медиумите“, стои во дел од писмото.
Емили Русад, Енрих Тобас, Марија Теичидор, Жосеп Понт, Силвио Елијас и Жосе Калсамилја се директорите кои поднесоа оставка.
https://twitter.com/LaVanguardia/status/1248360240460038144