-2.2 C
Skopje
среда, 17 декември 2025

Барселона се спаси од брука на гостувањето кај тимот од трета лига (Видео)

Многу потешко од очекувањата, Барселона се пласираше во осминафиналето на Купот на Шпанија, откако со 2:0 славеше на гостувањето кај Гвадалахара. Ова требаше да биде лесна задача за каталонскиот гигант, посебно ако се знае дека Гвадалахара е тим кој е во зоната за испаѓање во третата лига на Шпанија, но на теренот не беше така лесно.

Барселона во стартниот тим беше со ѕвездите Јамал, Фермин, Рашфорд, Де Јонг, а на голот беше Тер Штеген, но по првото полувреме немаше голови. Гвадалахара која прв пат игра против Барселона и за нив ова беше историски меч, одолеваше на нападите на фаворитот до 77 минута.

Беше изведен корнер за Барселона, Де Јонг центрираше, а Кристенсен со глава успеа да ја затресе мрежата на домаќините и конечно да биде срушен отпорот на третолигашкиот тим. Овој погодок на Кристенсен може да го видите ТУКА.

Пред да биде постигнат тол гол, во игра за Барселона влегоа и Кубарси, Балде, Кунде и Педри. Во финишот на средбата, односно во 90 минута, Рашфорд погоди за 2:0 и победа на фаворитот.

- Оглас -

Најнови вести