Управата на Барселона најде нов начин како да го присили Френк де Јонг да прифати пониска плата. Лапорта се заканува дека ќе поднесе тужба бидејќи во договорот на Де Јонг склучен со претходното раководство имало нелегални стапки.
Фудбалерот настојува на ставот да остане на „Камп ноу“ и со сите сили одбива продажба кај веќе заинтересираните Челзи и Манчестер јунајтед. Сега управата ја најде вината за овој случај кај претходниците Бартомеу и останатите раководители.
Како што е веќе познато, клубот на Де Јонг му должи повеќе од 20 милиони евра, неговите претставници очекуваат сумата да се исплати.