Барселона има поголеми шанси за победа кога Олмо не е на теренот отколку кога тој игра

Барселона вечерва во Саудиска Арабија ќе го започне походот кон освојување на првата титула сезонава. Каталонскиот гигант ќе игра против Атлеитк Билбао во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија.

Во изминативе 10-тина дена главниот фокус кога се работи за Барселона беше драмата која настана околу регистрацијата на Дани Олмо. Шпанскиот репрезентативец на почетокот на сезонава пристигна во Барселона и тоа за трансфер вреден 55 милиони евра од Лајпциг.

Сепак, само неколку месеци подоцна Олмо повторно не е дел од тимот на Барселона. Поради надминување на финансискиот ферплеј, Олмо заедно со Пау Виктор не добија дозвола да бидат регистрирани за вториот дел од сезоната, односно од 1 јануари тие веќе не се дел од Барселона.

Според многумина, отсуството на Олмо ќе биде голем удар за Барселона, но статистиката покажува нешто друго. Барселона сезонава има подобар процент на победи без Дани Олмо на теренот.

Кога Олмо не е во составот, Барселона победува на 66,7 отсто од мечевите, односно се радува на два од три натпреввари. Кога е Олмо во составот, процентот на победи на Барселона паѓа на 54,5 отсто.

Вечерва Барселона на дуелот против Атлетик Билбао ќе биде без Олмо, па останува да се види дали каталонскиот гигант ќе успее да обезбеди место во финалето на Суперкупот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести