Барселона си ги намали трошоците, се ослободни од еден фудбалер

Францускиот репрезентативец Самуел Умтити и раководството на Барселона се договорија спогодбено да го раскинат договорот и сега фудбалерот е слободен агент и може да си бара нов клуб.

29-годишниот Умтити последната сезона ја мина како позајмен во екипата на Лече и летово се врати на “Ноу Камп“, но кај Барселона не постоеше расположение да го задржи, пред се поради финансиските проблеми во кои се најде клубот и можноста да се ослободи место за нови фудбалери во тимот.

Самуел Умтити во Барселона пристигна во 2016-тата година од Лион за 25 милиони евра, а неговата моментална вредност е само 4 милиони евра. Неговиот договор истекуваше во 2026-тата година.

Централниот дефанзивец кој е роден во Камерун за екипата на Барселона настапи на 133 натпревари и постигна два голови.

- Оглас -

Најнови вести