Барселона си го чува „дијамантот“: Нов договор и тргната клаузула за сигурна иднина

Раководството на Барселона знае дека во своите редови има неколку суперталентирани фудбалери, на коишто може да смета на големи резултати во иднина.

Лео Меси си замина, ама тука е Ансу Фати, кој прикажува навистина одлични игри, а од оваа сезона тука се и Нико, Гави, Педри и останатите.

Според информациите од Шпанија, Каталонците подготвуваат нов договор за Гави.

Тој ќе биде со времетраење од пет години, а платата постојано ќе се зголемува. Додека, пак, откупната клаузула вредна 50 милиони ќе биде оттргната.

Сето тоа ќе ѝ дозволи на Барса сигурна иднина бидејќи доколку некој од тимовите ја плати оваа клаузула, тогаш тимот нема да може да стори ништо за да го запре неговото евентуално заминување.

Во досегашниот тек од сезоната, младиот фудбалер постигна еден гол и тој беше дело во последниот меч на Каталонците во победата над Елче од 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести