11.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Барселона, Сити и Арсенал ќе победат, Елмас и Наполи по бод(ови) во Холандија (Фото)

6002 Барселона – Олимпијакос (18:45)

Барселона по домашниот пораз од ПСЖ во Лигата на шапионите има одлична шанса за победа. Сè освен лесен и убедлив триумф над Олимпијакос ќе биде големо изненадување, па затоа очекувањата се дека Kаталонците не само што ќе победат, туку ќе имаат водство и на полувремето.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.87)

 

6003 Виљареал – Манчестер сити (21:00)

Манчестер сити има четири бода по две кола во Лигата на шампионите, а во Премиер лигата веќе започнува да личи на познатата шампионска екипа. Граѓаните се фаворити на гостувањето кај Виљареал, но тоа треба да го покажат и на теренот. На последното гостување против Виљареал, во 2011 година победија со убедливи 0-3.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.99)

 

6008 Арсенал – Атлетико Мадрид (21:00)

Арсенал е лидер во Премиер лигата, но има и максимален скор во Лигата на шампионите. Топчиите сакаат да го задржат ваквиот ефект и во третото коло, а за тоа ќе им биде потребна победа над Атлетико Мадрид на домашен терен. На меѓусебните натпревари на овие екипи само еднаш немало најмалку два гола, а тоа се случило во 2018 година, но во Мадрид.

Предлог тип: 1 & 2-6 (2.02)

 

6005 Баер Леверкузен – ПСЖ (21:00)

ПСЖ по гостувањето кај Барселона, го очекува уште еден незгоден меч на гостински терен, овојпат кај Баер Леверкузен. Традицијата вели дека натпреварите на овие две екипи секогаш изобилувале со голови, па нема зошто да не биде така и вечерва.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.92)

 

6007 ПСВ – Наполи (21:00)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговиот клуб Наполи гостуваат во Холандија, кај екипата на ПСВ. Целта на актуелниот шампион на Италија е да дојде барем до бод, но зошто да не и до трите од ова тешко гостување. Мечот против ПСВ е одлична можност за Наполи да го заборави незгодниот пораз од Торино во Серија А и да се врати на победничките патеки.

Предлог тип: Х2&1+I1+II (2.30)

- Оглас -

Најнови вести