31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Барселона со голем пресврт го победи Панатинаикос

Барселона забележа значаен триумф во Евролигата совладувајќи го актуелниот шампион Панатинаикос со 82-73 во рамките на 21-вото коло. Иако Каталонците беа во негатива по првото полувреме, кога Детелинките водеа со 30-38, тимот одигра фантастична трета четвртина завршувајќи ја со 29-11, што го постави темелот за победата.

Последната четвртина беше израмнета, но Барселона успеа да ја задржи предноста до самиот крај.

Најдобар поединец во победничкиот тим беше Џабари Паркер со 25 поени, додека за ПАО се истакна Џеријан Грант со 17 поени.

Во останатите натпревари, Жалгирис славеше против Виртус Болоња со 77-68, Фенербахче триумфираше во Белград против Црвена ѕвезда со 91-96, а Баерн Минхен оствари минимална победа против Монако со 95-94.

- Оглас -

Најнови вести