Барселона утре ќе гостува кај Борусија Дортмунд во реванш-мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а како што најави и самиот Ханси Флик, ништо не е готово по оние 4-0 на „Монжуик“. Германецот планира да истрча со најсилниот состав против Милионерите, но без својот најдобар напаѓач.
Според каталонските медиуми, Роберт Левандовски ќе биде поштеден и ќе остане на клупата за резерви, а стартер ќе биде Феран Торес. Ханси Флик мисли и на Ла Лига, каде што го очекуваат решавачките битки за титулата, но тука се и продолжението од Лигата на шампионите, но и финалето од Купот на Шпанија.
Ваквата одлука сигурно нема да му се допадне на германскиот напаѓач, посебно не во натпреварување во кое се бори за титулата најдобар стрелец.