Барселона и официјално го промовираше новиот дрес за сезоната 2020/21. Со жолта линија околу вратот и тенки жолти вертикални линии кои ги разделуваат двете доминантни бои, сина и црвена.
Според многумина, овој дрес во многу нешта потсетува на дресот на Барселона од сезоната 2010/11, кога каталонскиот гигант ја освои Лигата на шампионите. Во тогашното финале на ЛШ, Барселона на Вембли со 3:1 го победи Манчестер јунајтед.