Раководството на Барселона испрати ново барање до градските власти да им биде дозволено враќање на „Камп Ноу“. Досегашните беа одбивани, а „каталонците“ сега бараат да им биде дозволено да ги одиграат натпреварите против Валенсија (14.09) и Хетафе (21.09) на својот стадион, но пред само 30.000 гледачи.
Тоа е нешто помалку од една третина од вкупниот капацитет на „Камп Ноу“, а ова би било само прва фаза пред да биде зголемен капацитетот на 45.000, а потоа и на 60.000 гледачи.
Дуелите против Валенсија и Хетафи ќе бидат први на домашен терен во новата сезона за шампионот на Шпанија, откако во првите три кола ќе гостува кај Мајорка, Леванте и Рајо Ваљекано.