Екипата на Барселона денес отпатува за Ријад, Саудиска Арабија, каде ќе се одигра завршницата од шпанскиот Супер куп, на кој освен „каталонците“ ќе учествуваат и екипите на Реал Мадрид, Атлетик Билбао и Осасуна.
Во Саудиска Арабија ќе патуваат и голем број на навивачи на Барселона, па клубот од Каталонија упати низа предупредувања до нив.
– “Препорачуваме во јавност да се однесувате пристојно и со почит, но и да се воздржите пд искажување на љубов. Непристојно однесување вклучува и било каков чин од сексуална природа, тоа може да заврши со казна без разлика што сте странци. Истополови односи, но и искажување на поддршка за ЛГБТ заедницата, дури и на социјалните мрежи е казниво. Ве предупредуваме дека во Саудиска Арабија е забрането конзумирањето на алкохол и свинско месо у било каков облик. Што се однесува до употребата на дрога, тоа е казниво исто како и во Шпанија, но тука може да ви донесе долгогодишна затворска казна. Тоа се однесува на употребата, продажбата и купувањето на било каква дрога. На јавните места бидете дискретни, почитувајте ги локалните традиции. Избегнувајте групирање, посебно на верските настани. Граѓаните на западните држави, како што е Шпанија, во Саудиска Арабија може да бидат мета на терористички напади.“ – се вели во соопштението на Барселона.