Барселона со реми без голови ја почна одбраната на титулата во Ла Лига

Екипата на Барселона со реми без голови, 0-0, кај Хетафе ја започна одбраната на титулата во шпанската Примера.

“Каталонците“ никако не успеаваа да го пронајдат патот до мрежата на Хетафе, а мечот го одбележаа трите црвени картони.

Прв поцрвене Рафиња во 42-рата минута. Во второто полувреме следуваше црвен картон и за Хетафе и тоа за Хаиме Мата во 57-мата минута, но овојпат поради втор жолт картон.

https://twitter.com/Ghana_Ronaldo/status/1690820843922726912?s=20

Црвен картон доби и тренерот на Барселона, Чави Ернандес, во 70-тата минута поради неспортско однесување.

На мечот се играа вкупно 28 минути продолжение, 12 во првото полувреме и 16 во второто.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести