Барселона со триумф над Дортмунд ќе постави нов рекорд во ЛШ

Барселона утре на „Камп ноу“ ќе го нагости германскиот вицепрвак Борусија Дортмунд во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите. Каталонците се во позиција да обезбедат пласман во нокаут-фазата, секако тоа ќе го направат преку евентуален триумф против Милионерите.

Доколку Меси и дружината се радуваат пред нивните фанови, Барселона ќе го подобри веќе поставениот рекорд кој го држи откако европското натпреварување се игра во форматот Лига на шампиони. Шпанскиот првак има најмногу пласмани во нокаут-фазата како првопласирана екипа од групата (20), дури четири повеќе од Реал Мадрид, односно пет повеќе од гигантите со европско реноме како Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.

Во групата Ф, Барселона има 8 бода, Дортмунд 7, па следува Интер со 4 бода и Славија Прага со 2 бода. По утрешната пресметка против Дортмунд, на Барса ќе ѝ преостане гостување кај Интер, кое може да биде формалност во зависност од резултатите во ова петто коло.

https://twitter.com/mundodeportivo/status/1199261138787209216?s=21

- Оглас -

Најнови вести