Раководството на Барселона полека се повлекува од преговорите за ангажирање на Ерлинг Халанд поради вискоите барања на неговиот агент, Мино Рајола.
Претседатлот на Каталонците, Жоан Лапорта, изјави дека нема да прави договори со коишто би му наштетиле на клубот, па ангажирањето на Норвежанецот по секоја цена не доаѓа предвид.
Тоа не значи дека Барса нема да ангажира фудбалер од светска класа, а медиумите велат дека Каталонците се пренасочуваат кон Мохамед Салах.
Ѕвездата на Ливерпул има актуелен договор со тимот од Енфилд од 2023 година, а Барса ќе се обиде летово да го донесе за сума од 40 милиони евра. Ливерпул и Салах преговараат за нов договор, но и двете страни се далеку од усогласување на условите.
Напаѓачот бара 400 илјади евра неделна плата, додека клубот му нуди 250 илјади. останува да се види како ќе се развива целата оваа ситуација и дали Барселона по Луис Суарес и Фелипе Кутињо, ќе ангажира уште една ѕвезда на Ливерпул.