Барселона среќно со автогол го победи тимот од кој загуби зимоска (Видео)

Барселона едвај го победи Леганес на гостински терен во меч од 31 коло на шпанската Примера дивисион. Со оваа победа, каталонскиот гигант стигна до 70 бодови, седум повеќе од Реал Мадрид, кој го чека гостување кај Алавес во ова коло.

Леганес сезонава се покажа како еден од најтешките ривали на Барселона. Пред само четири месеци, Леганес со 1:0 победи на гости кај Барселона, а сега каталонците на многу среќен начин се реваншираа на идентичен начин.

По првото полувреме немаше погодоци, а само што започна вториот дел, Саенз си постигна автогол. Токму тој момент се покажа како клучен за Барселона да ги освои трите бода на ова гостување.

 

- Оглас -

Најнови вести