Барселона стана специјалист за победи од 1:0, сега има двоцифрена предност пред Реал Мадрид (Видео)

Барселона продолжува да победува во шпанската Примера дивисион, откако победи на гостувањето кај Вилјареал и тоа минимално со 1:0. За Каталонскиот гигант ова е 18-та победа во 21 коло, па со 56 бодови е сигурен лидер на табелата. Реал Мадрид кој е втор има 45 бодови, но Кралевите имаат и еден меч помалку одиграно.

Голот кој донесе радост за Барселона и три бода на тешкото гостување кај Жолтата подморница го постигна Педри во 18 минута. По асистенција на Левандовски, Педри погоди, гол што се покажа како клучен за триумфот.

Барселона сезонава има одлична одбрана, а во последните шест кола во првенството, ова е четврти пат да победи со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести