33.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Барселона станува зависна од Луис Суарес?

Луис Суарес кој има 139 постигнати лигашки голови во дресот на Барселона, станува клучен играч за каталонците во последно време. Иако Лионел Меси неспорно е најдобар фудбалер и лидер на каталонците, уругвајскиот напаѓач е тој што претставува најголема закана за противниците во шпанското првенство. Од последните 10 гола на Барса во лигата, четири се на Суарес, а на другите шест тој беше асистент.

Во последниот период нема гол на Барса во кој не е вклучен Суарес, и тоа го прави поефикасен и од Меси. Според головите во првенството, Суарес е трети стрелец во историјата на Барселона, а ако се сметаат головите во сите натпреварувања, Луис со 188 е четврти на вечната клупска листа.

- Оглас -

Најнови вести