Челниците на Барселона постојано се во потрага по квалитетни нови млади фудбалери. Освен тоа што ја имаат најдобрата фудбалска школа во светот, Барселона се фокусира и на пронаоѓање таленти и низ целиот свет.
Последен во низата на овие таленти кои се најдоа на радарот на каталонскиот гигант е 17-годишниот напаѓач на Ал Ахли, Хамза Абделкарим. Се работи за млад репрезентативец кој посебно го привлече вниманието кај скаутите со игрите на Светското првенство за играчи до 17 години.
Според најавите, Барселона веќе испратила понуда до Ал Ахли и тоа вредна два милиони евра за да го добие потписот на талентираниот тинејџер. Најавите се дека Ал Ахли нема да се откаже од Хамза Абделкарим, ако некој клуб не понуди барем четири-пет милиони евра, што значи дека барем оваа понуда од Барселона нема да биде прифатена.

