Барселона го почна Мундијалот во Катар со рекорден број на фудбалери, 17 во распоредени во различни селекции, но најмногу во репрезентацијата на Шпанија, а сега остана со само пет.
Бројката од 17 фудбалери е рекордна во историјата на Мундијалите за еден клуб, но сега спадна на само пет кои останаа да играат четвртфинале во Катар.
Тоа значи пад од првото место за Барса, дури на делба од 12-15 позиција заедно со Ливерпул, Челзи и Бенфика, кои исто така имаат по пет фудбалери во селекциите што се четвртфиналисти на СП.
Сега лидер е Манчестер јунајтед со 12 фудбалери, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, кој се уште не е заминат од клубот, иако тоа веќе е сигурна варијанта.
Зад Црвените Ѓаволи е лутиот градски ривал Манчестер сити со 11 играчи кои се надеваат дека ќе станат светски прваци, а трет е ПСЖ со 8.
Расадникот за таленти, Ајакс Амстердам има уште 7 претставници на Мундијалот, а од 5-11 место со по шест играчи се Реал Мадрид без Бензема, Арсенал со Вајт, Баерн Минхен, Јувентус, Атлетико Мадрид, Севилја и Тотенхем.
Clubs with most players still at the World Cup when going into the Quarterfinals from soccer