17.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Барселона тргнува по потписот на српскиот дефанзивец од Милан?!

Српскиот дефанзивец Стахиња Павловиќ во 2020 година од Партизан за 10 милиони евра се пресели во Монако, па преку Серкл Бриж, Базел и Салцбург, минатата година пристигна во Милан.

Сега Србинот е пред трансферот на кариерата бидејќи интерес за него има од Барселона, од каде што планираат следното лето да го откупат неговиот договор. Павловиќ во моментов вреди 18 милиони евра, а иако има само 24 години, веќе има големо искуство, што е една од клучните работи за интересот кој го покажува Барселона.

Сепак, Каталонците ќе имаат голема конкуренција бидејќи за Србинот има интерес и од лондонските ривали Челзи и Арсенал.

Страхиња Павловиќ иако има 24 години, веќе има одиграно дури 48 натпревари за репрезентацијата на Србија.

- Оглас -

Најнови вести