32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Барселона тргнува по потпис со крило на Ливерпул

Барселона во летниот преоден рок планира да го ангажира крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијас, објавија шпанските медиуми.

Според медиумите, Дијас наводно не е задоволен од состојбата од Ливерпул, посебно по заминувањето на Јирген Клоп и именувањето на Арне Слот за негов наследник.

https://twitter.com/LFCTransferRoom/status/1795108949298958406

Спортскиот директор на Барселона, Деко, веќе имал разговор со агентите на Дијас, со што ја започна мисијата за ангажирање на колумбискиот репрезентативец.

За да дојде до потписот со Дијас, Барселона е подготвена да го продаде Рафиња.
Луис Дијас сезонава одигра 51 натпревар за Ливерпул и постигна 13 гола.

Колумбиецот во 2022 година пристигна во Ливерпул од Порто во трансфер вреден 45 милиони евра, а договорот со Црвените му трае до 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести