19.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Барселона убедлива на тестот во Јужна Кореја (Видео)

Шпанскиот шампион Барселона забележа уште една убедлива победа во текот на подготовките за новата сезона, совладувајќи го тимот на Даегу од Јужна Кореја со 5-0.

Каталонците доминираа уште од почетокот и веќе до полувремето имаа сигурна предност од 3-0, благодарение на двата гола на Гави и еден на Роберт Левандовски.

Во второто полувреме, Фернандез го зголеми водството на 4-0, а конечниот резултат го постави Маркус Рашфорд со погодок во 65-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести