Барселона потфрли во најважната мисија, да го задржи Лионел Меси, кој веќе си започна нова авантура во ПСЖ, но приказната со каталонскиот гигант уште не е завршена.
Според информациите на повеќе шпански медиуми, Барселона уште му е должна на Меси, ни помалку, а ни повеќе, туку 52 милиони евра. Претходното раководство на клубот се договори со Меси на пониска плата поради пандемијата со корона-вирусот, а скратената сума да му биде исплатена откако работите ќе се вратат во нормала.
Без разлика што Аргентинецот веќе не е на „Камп ноу“, Барселона има обврска да го исплати долгот, а најавено е дека ќе го стори тоа во текот на претстојната сезона, најдоцна до летото 2022 година.