9.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Барселона уште сега си обезбеди екстра засилување за идната сезона

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс од следната сезона ќе настапува за Барселона, објавија шпанските медиуми.

Договорот на Вилијамс со Атлетик Билбао истекува идното лето и според медиумите, тој нема намера да седне на маса со баскискиот тим бидејќи веќе ги договорил сите детали за преселбата на „Камп ноу“.

Ова лето Атлетик Билбао на идентичен начин го загуби Ињиго Мартинес, кој по завршување на договорот, без отштета се пресели во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести