Барселона вечерва без Олмо и Пау Виктор, уште чекаат разрешница на случајот со регистрацијата

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше принуден за натпреварот од Купот на Шпанија против четвртолигашот Барбастро, на листата на играчи кандидати за настапи да ги изостави Дани Олмо и Пау Виктор бидејќи не се регистрирани од Федерацијата и уште чекаат зелено светло за конечна разрешница на ситуацијата.

За Виктор вечерва веројатно ќе имаше место во стартните 11. Покрај принудните отсуства на Олмо и Пау Виктор, тука се и оние на недоволно закрепнатите Ламин Јамал, Феран Торес, Хектор Форт и Андреас Кристенсен, а Рафиња не патува, доби дополнителен одмор.

- Оглас -

Најнови вести