28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Барселона вечерва повторно треба да слави над Реал во Мадрид, сè друго би било чудо

Реал Мадрид и Барселона по вторпат само за три дена ќе играат фудбал во Мадрид. Сепак, ова не е прославеното Ел Класико, туку дуел на женските екипи на двата гиганти.

Реал и Барселона ќе играат во првиот меч од Лигата на шампионите, а каталонскиот гигант е апсолутен фаворит. Девојките на Барселона доминираат во Шпанија, па во првенството имаат перфектен биланс од 24 победи во 24 меча, додека Реал е на петтата позиција и заостанува дури 28 бодови зад големиот ривал.

Ако се погледнат резултатите во меѓусебните дуели, ќе стане уште појасно зошто Барселона е апсолутен фаворит. Во последниве две и пол години играле седум пати и секогаш победувала Барселона. Вкупната гол-разлика е неверојатна и изнесува 32:3 во корист на Каталонците.

Во вториот денешен меч од женската Лига на шампиони ќе играат Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, а тука неизвесноста треба да биде поголема.

- Оглас -

Најнови вести