Сензационална информација пристигнува вечерва од Шпанија. Според медиумите од Апенинскиот Полуостров, екипата на Барселона влегува во трката по Килијан Мбапе.
Тренерот на Каталонците, Чави Ернандес, е подготвен да се откаже од три големи ѕвезди кои би се преселиле во ПСЖ само да го добие потписот на Килијан Мбапе. Станува збор за Гави, Рафиња и Дембеле, кои во пакет би се преселиле во Париз како дел од евентуелниот трансфер на Мбапе.
Вредноста на овие тројца фудбалери во моментов е 210 милиони евра. Најскап е Гави со вредност од 90 милиони евра, додека Рафиња и Дембеле имаат вредност од по 60 милиони евра.