5.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Барселона во декември ќе одигра меч вреден осум милиони евра!

Откако стана јасно дека мечот помеѓу Виљареал и Барселона нема да се игра во Мајами, САД, раководството на Каталонците мора да најде начин да ја надомести финансиската загуба.

Од тој натпревар требаше да инкасираат околу шест милиони евра, но Жоан Лапорта сега има друг план. На адреса на Барселона пристигнала понуда за одигрување на пријателски натпревар во Перу, и тоа во декември, веднаш по првенствениот натпревар против Виљареал.

За овој натпревар Каталонците ќе добијат околу осум милиони евра, а планот на Лапорта е да ја прифати понудата, за што веќе ги информирал Ханси Флик и Деко. Сè уште не е познат точниот датум и противникот против кого би играле, но јасно е дека пред Нова година Барселона ќе гостува во Јужна Америка.

Лапорта неодамна одби слична понуда и заработка од пет милиони евра за гостување во Либија на 10 октомври поради страв од безбедносните прилики на северот од Африка, па нивната замена тогаш беше Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести