Барселона води со 1:0 против Атлетико Мадрид по првото полувреме во големото дерби на 30-то коло од Ла Лига.
Голот беше дело на Феран Торес во последната минута од првиот дел и тоа на асистенција на Рафиња.
Со голот на Торес, Барселона ја прекина црната серија од три меча по ред без постигнат гол. Каталонците не успеаја да ја затресат мрежата против Реал Мадрид во шпанскиот Кралски куп, и во двата меча од Ла Лига против Хетафе и Жирона.