Раководството на Барселона е во големи проблеми, откако и втората жалба до судот е одбиена и Дани Олмо и Пау Виктор се уште не се регистрирани за настап во вториот дел од оваа сезона.
„Каталонците“ сега имаат уште само 24 часа за да го регистрираат најголемото летно засилување, а се чини дека спасот е само продажбата на ВИП местата на реновираниот стадион за 100 милиони евра на компанија од Катар. Сепак, и за реализација на овој план имаат само уште еден ден.
Дани Олмо пристигна во Барселона минатото лето за 55 милиони евра од Лајпциг, но според клаузулата од неговиот договор, доколку „каталонците“ не успеат да го регистрираат за настап, тој станува слободен фудбалер.