Управата на Барселона во зимскио преоден рок кој стартува на први јануари, со сите сили ќе тргне по засилување во средниот ред и прва мета е Алеиш Гарсија.
Гарсија е капитен на хитот во Ла Лига, лидерот на табелата Жирона.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес го гледа Гарсија како идеално решение за Педри кој има големи проблеми со повредите.
Откупната клаузула за капитенот на Жирона изнесува 20 милиони евра, но управата на Барселона сака да ја намали оваа сума така што во трансферот сака да го вметне Пабло Торе, кој моментно игра како позајмен играч токму во Жирона.