10.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Барселона во (не)возможна мисија против Атлетико, Ливерпул по победа кај „фенерџијата“ (Фото)

3031 Комо – Интер (21:00)

Комо и Интер го играат првиот меч од полуфиналето на италијанскиот Куп. Очекувањата се дека крај езерото нема да има многу голови, а патникот во големото финале ќе се одлучува на реваншот во Милано. На последниот меч во Комо, Интер славеше со 0-2, па се очекува слично да биде и вечерва, барем што се однесува до бројот на голови.

Предлог тип: 0-1I&1-2II (2.18)

 

1323 Барселона – Атлетико Мадрид (21:00)

Може ли Барселона да надополни негатива од четири гола? Тоа е прашањето кои многумина си го поставуваат, а навивачите на Kаталонците сигурно дека веруваат. Последната домашна победа на Барселона против Атлетико Мадрид со резултат кој вечерва би им донел пласман во финалето од шпанскиот Куп се случи во 2008 година, кога Kаталонците славеа со убедливи 6-1.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.14)

 

1010 Вулверхемптон – Ливерпул (21:15)

Ливерпул е во серија од четири победи по ред, а триумф над Вулверхемптон вечерва ќе им донесе израмнување според бодовите на табелата со Астон вила и Манчестер јунајтед на позиција која води во Лигата на шампионите. Волците иако се последни на табелата, сепак покажаа дека знаат да играат одличeн фудбал, а во минатото коло славеа со 2-0 пред своја публика против Астон вила.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.03)

 

2831 Аланијаспор – Галатасарај (18:30)

Турскиот куп сè уште е во фазата по групи, а Аланијаспор и Галатасарај со сигурност ќе одиграат меч со многу голови, и тоа во двете мрежи. Домашните се во серија од четири меча на кои играат „гол-гол“, додека Галатасарај одигра со голови во двете мрежи на четири од последните пет меча. Гигантот од Истанбул на последниот меѓусебен натпревар победи со 3-1.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.95)

 

1020 Ипсвич – Хал (20:45)

Ипсвич и Хал се на четвртата, односно петтата позиција на табелата во англиската Чемпионшип дивизија, па предлогот за овој натпревар е да се одигра на голови, а нив треба да ги има помеѓу еден и три и во двете полувремиња. Двете екипи играат ефикасен фудбал, па нема зошто да не биде така и на нивниот вечерашен натпревар.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.87)

- Оглас -

Најнови вести