Нови проблеми за раководството на Барселона откако шпанскиот весник „Марка“ објави дека Каталонците не можат да го регистрираат новиот тренер Ханси Флик и неговиот стручен штаб поради финансиските проблеми. Каталонците ќе мора да продаваат фудбалери, но ги чекаат и парите од договорот со производителот на спортска опрема „Најки“ за да можат да го регистрираат новиот тренер и да се активираат на трансфер-пазарот.
Весникот открива и дека поради финансиските проблеми, Чави Ернандес и неговите помошници имале регистрација само до крајот на оваа сезона, иако имаа договор до летото 2025 година.
Од друга страна, новиот тренер на Барселона изјави дека само еден фудбалер е недопирлив и не може да биде продаден, а тоа е Френки де Јонг, додека сите останати се на продажба и може да си заминат.