Еден од најдобрите шпански фудбалери, Дани Олмо, ги прифатил личните услови кои му ги понудила Барселона, тој сака да се врати во клубот во кој беше како дете до пред десет години, но за реализација на трансферот мора да се согласи и клубот Лајпциг.
Каталонците на Олмо му нудат шестгодишен договор.
Барса понудила 55 милиони евра плус 7 за бонуси, но германскиот клуб одбил, не биле задоволни ни од висината на сумата која се нуди, ни од начинот на плаќање, не сакаат плаќање на рати и бонуси, туку целата сума да се плати наеднаш.
Од Барселона сепак се оптимисти дека наредните денови може да има напредок во преговорите и дека на крај и на Олмо ќе му се исполни желбата да го облече сино-црвениот дрес.
Олмо во минатата сезона во Лајпциг имаше 8 гола и 3 асистенции на 25 меча, а летово беше одличен на ЕВРО 2024 со три гола и две асистенции на 6 меча.