Барселона во проблеми и тие се поврзани со новото засилување Олмо

Барселона го промовираше Дани Олмо како ново засилување, но има проблеми со регистрацијата. Според Кадена СЕР, новиот играч за врска на каталонскиот гигант може да не добие право за настап на првиот меч поради финансиски проблеми.

Барселона за Олмо му плати 55 милиони евра на Лајпциг, а сумата може да биде зголемена за уште седум милиони евра, зависно од успехот на Олмо во новиот клуб.

Челниците на Барселона потпишаа договор со американската компанија „Арамарк“, од која ќе добијат 40 милиони евра како дел од соработката во угостителската област. Се очекува Каталонците во овој преоден рок да продадт некој од Рафиња, Роналд Араухо или Френки де Јонг за да може да се соберат пари да се покрие трансферот на Олмо.

Каталонците имаат сериозни финансиски проблеми и мора да докажат дека добиле уште 15 милиони евра за да го комплетираат трансферот на Олмо, кој изнесува 55 милиони евра.

Во првото коло од новата сезона во Примера дивисион, Барселона гостува кај Валенсија на 17 август.

- Оглас -

Најнови вести