29.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Барселона во првите три кола од Ла Лига ќе гостува, враќањето на „Камп Ноу“ е одложено

Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, во првите три кола од новата сезона ќе им гостува на Мајорка, Леванте и Рајо Ваљекано, а првиот домашен меч ќе го одигра против Валенсија на 14-ти септември.

Враќањето на „Камп Ноу“ и дефинитивно е одложено, а во најдобар случај тоа ќе се случи токму на дуелот против Валенсија. Пропаднаа и плановите на раководството да го организира „Трофејот Гампер“ на реновираниот стадион, па сега овој меч ќе се одигра на стадионот во тренинг центарот на „каталонците“, кој е со капацитет за 6.000 гледачи.

Реконструкцијата на „Камп Ноу“ чини една милијардна евра, а првичниот капацитет после отворањето ќе биде 60.000 гледачи, додека кога ќе заврши комплетната реконструкција, капацитетот ќе биде за 105.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести