Барселона во разговори со Џиџи Буфон

Еден од најдобрите голмани во изминативе три децении, Џанлуиџи Буфон, неодамна најави дека си заминува од Пари Сен Жермен, но дека не планира да стави крај на кариерата. Италијанскиот чувар на мрежата има 41 година, но вели дека е подготвен да најде нов клуб.

Првичните шпекулации беа дека Буфон ќе се врати во Италија, и тоа како голман, најверојатно на Парма, клубот во којшто ја започна кариерата. Популарниот Џиџи помина пет години на голот на Парма, а потоа замина во Јувентус, каде што бранеше 17 сезони. Сега, по една сезона во ПСЖ, си отиде од Франција, а стигнуваат најави дека негова можна дестинација е Барселона.

Според „Скај Италија“, Барселона го контактирала Буфон и му понудила да биде резервен голман на каталонскиот гигант. Позицијата прв голман во Барселона ја има загарантирано Марк-Андре тер Штеген, но ќе биде интересно да се види дали Буфон би прифатил варијанта да дојде во Барселона, клубот кој секогаш има амбиции да ја освои Лигата на шампионите, натпреварување во кое голманот се нема радувано на трофејот.

 

- Оглас -

Најнови вести