Барселона во трка со времето да го регистрира Кунде, Мемфис ја глави работата

Само Жил Кунде остана од новите засилувања нерегистриран за новата сезона, а Барселона е во трка со времето да ја заврши и таа работа пред утрешниот дуел против Реал Сосиедад во рамките од второто коло во Ла Лига.

Проблемот е во преселбата на Мемфис Депај во Јувентус, кој треба да потпише како слободен играч откако ќе го раскине договорот со Каталонците. Се чека холандскиот ас да ги договори условите со Старата дама, а потоа и официјално да биде ослободен од Барселона, па со олеснување од неговата плата, Кунде ќе може да се регистрира.

Сепак, сето тоа треба да се среди до утре на пладне, инаку Кунде и вториот дуел ќе го проследи од трибините, како што беше во ремито без голови против Рајо Валјекано во премиерното коло.

- Оглас -

Најнови вести