28.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Барселона воведува нови правила при потпишувањето на договори со фудбалерите

Раководството на Барселона одлучи во иднина да не ги открива сите детали од договорите со фудбалерите, а тоа посебно се однесува за откупната клаузула. При продолжувањето на договорот со Роналд Араухо беше објавено дека откупната клаузула сега е намалена од една милијарда евра на 65 милиони евра, и токму тоа беше проблемот за продолжување на договорот.

Сепак, оваа информација беше објавена од шпанските медиуми, а не од раководството на „каталонците“, од каде сметаат дека нема потреба останатите клубови да имаат информација за колку пари може да ги откупат нивните фудбалери.

Виситината на откупната клаузула не беше објавена ниту при продолжувањето на договорот на Жерард Мартин, а таков ќе биде случајот и со договорите на Гави и Пдери, кои до сега имаа клаузула од една милијарда евра.

- Оглас -

Најнови вести