Барселона заборави да дава голови и да победува

Барселона имаше 25 шута кон голот на Лион, но не погоди ниту еднаш, па на реваншот на „Камп Ноу“ ќе мора да победи, за да оди во четвртфиналето во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант во изминативе години е синоним за напаѓачки фудбал и без проблеми ги тресе мрежите на ривалите. Сепак, во последниов месец, играчите на Барселона како да заборавија како се даваат голови.

Освен ремито против Лион без голови, на последните пет меча во сите натпреварувања, Барселона даде само четири гола, а има само една победа. Пред четири дена Барселона го победи Валјадолид и тоа со гол на Лионел Меси од пенал. Интересно е што на овој меч Меси имаше и еден промашен удар од белата топка. Пред таа средба, актуелниот шпански првак одигра 0:0 кај Атлетик Билбао, а во претходните два меча има 1:1 против Реал Мадрид и 2:2 во дуелот со Валенсија.

Следниот меч за Барселона е на тешкото гостување кај Севилја, каде за да се стигне до победата ќе мора многу подобра да биде реализацијата на Меси, Суарес и останатите.

- Оглас -

Најнови вести