-1.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Барселона загуби на второто најтешко гостување во Шпанија (Видео)

Барселона загуби со 2:1 на гостувањето кај Реал Сосиедад во меч од 20 коло во шпанското првенство. Каталонскиот гигант уште еднаш потврди дека едноставно не му оди кога гостува на стадионот „Аноета“, па го претрпе седмиот пораз во последните 21 гостувања, во 21 век. Само на „Сантијаго Бернабеу“ кај Реал Мадрид, Барселона има повеќе порази во 21 век.

Ојарзабал во 32 минута донесе голема радост и водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Барселона притискаше да израмни и тоа се случи во 70 минута. По асистенција на Јамал, Рашфорд со глава погоди за 1:1 и тој погодок може да го видите ТУКА.

Многу кратко траеше радоста на Барселона за израмувачкиот гол. Сосиедад само што тргна од центарот, постигна гол за 2:1, а стрелец беше Гуедес. Тој погодок може да го видите ТУКА.

За Барселона ова е трет пораз сезонава во првенството, а Каталонците остануваат први на табелата во првенството со 49 бодови, но сега имаат само еден повеќе од Реал Мадрид кој е втор со 48 бодови. Вилјареал и Атлетико Мадрид имаат по 41 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести