Интересна вест пристигна пред почетокот на синоќешното дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Раководствата на двата клуба на заедничкиот ручек постигнале договор за трансферот на стоперот Клемен Ленгле од Барса во Атлетико.
Французинот моментно е на позајмица во Атлетико Мадрид, но Барселона веќе не смета на него, па решиле да го продадат по истекот на позајмицата, на крајот од сезоната. Атлетико изрази интерес за задржување на играчот.
Сè уште не е познато колку Барселона ќе заработи од неговата продажба, но за клубот најважно е да го ослободи буџетот за плати за следни засилувања.
Атлетико Мадрид по пауза од цели 19 години синоќа успеа да ја победи Барселона на гостински терен со 1-2, со головите на Родриго де Пол и на Александар Сорлот.