22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Барселона заработила најмногу од продажба на дресови во 2023 година, Граѓаните никаде ги нема

Барселона заработила најмногу пари од продажба на дресови за минатата сезона, објави Европската фудбалска федерација (УЕФА).

УЕФА го објави финансискиот извештај за 2023 година, во кој се анализираа бројките во сите европски лиги, а дел од него е посветен на заработката на клубовите од продажба на дресови.

Барселона во минатата година од продажба на дресови и сувенири заработила 178 милиони евра, а ја следи нејзиниот најголем ривал, Реал Мадрид со приходи од 155 милиони евра.

Само уште три тима успеале да заработат повеќе од 100 милиони евра од продажба на дресови и сувенири. На третото место е Баерн Минхен со заработка од 147 милиони евра, а го следат два премиерлигаши.

Ливерпул од продажба на дресови и сувенири заработил 132 милиони евра, а Манчестер јунајтед 130 милиони.

Првиот клуб со заработка под 100 милиони е ПСЖ, кој инкасирал 97 милиони, а за годинава заработката се очекува драстично да му се намали бидејќи ќе остане без првата ѕвезда Килијан Мбапе.

Во топ 10 клубови по заработка се наоѓаат уште Арсенал со 89 милиони евра, Челзи со 87 милиони, Тотенхем и Јувентус со по 74 милиони. Интересно е што актуелниот европски и англиски шампион, Манчестер сити, не се наоѓа меѓу клубовите со најголема заработка од продажба на дресови и сувенири.

- Оглас -

Најнови вести