23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Барселона знае да победува и без Левандовски, Дембеле го сруши Атлетико и тоа во Мадрид

Фудбалерите на Барселона славеа на големото дерби од 16-то коло во Ла Лига против Атлетико Мадрид со 0:1 и тоа без казнетиот Роберт Левандовски.

Барселона на најдобар начин го искористи киксот на Кралевите и со победа над Атлетико Мадрид, се осамостои на лидерската позиција на табелата со 41 бод, три повеќе од Реал. Атлетико Мадрид падна за едно место и сега е петти со 27 бода.
Стрелец на единствениот гол беше Осман Дембеле во 22-та минута.

https://twitter.com/i/status/1612184630332882944

По примениот гол, Јорганџиите заиграа поофанзивно,а Каталонците својата шанса ја чекаа преку контранападите. Во 62-та минута Дембеле имаше шанса, но дефанзивците на Атлетико не дозволија нов гол. Десет минути подоцна, Феран Торес даде гол за Барселона, кој беше поништен поради офсдајд.

Најдобрата шанса за Атлетико да се спаси од пораз, ја имаше во 94-та минута кога Антоан Гризман од пет метри шутираше но, Роланд Араухо со лизгачки старт успеа да го блокира неговиот шут.

Барселона во следното коло го пречекува Хетафе, додека Атлетико и гостува на Алмерија.

- Оглас -

Најнови вести