Жозеп Бартомеу побарал лично да се сретне со Меси уште денес со цел да разговараат околу неговата одлука да ја напушти Барселона, известува радиото „Каталонија“. Првиот човек на шпанскиот гигант очајнички се обидува да спречи сè поизвесна катастрофа, воедно и да го загуби претседателското место во клубот.
Од друга страна, пак, Меси цврсто стои до ставот да си замине уште во претстојниот преоден рок, подготвен е да оди на суд за да си овозможи излез од бродот кој тоне.
Како аргумент дека клаузулата за раскинување на договорот со рок до 10 јуни е неважечка со оглед на тоа дека сезоната 2019/20 всушност заврши дури во август, по тримесечната пауза поради корона-вирусот.
Активирање на клаузулата од 700 милиони евра е незамислива за гигантите кои го посакуваат Меси, но во случај да стане слободен играч, се очекува офанзива по неговиот потпис.