Бартомеу: Да останев во Барселона и Меси ќе беше тука

Жозеп Бартомеу по долг молк конечно се појави во медиумите и веднаш изјави дека ако тој останеше претседател на Барселона, Липнел Меси се уште ќе играше во клубот вокој порасна и до трансферот во ПСЖ ја мина и целата играчка кариера.

„Дозволата Меси да си замине е потполно погрешна. Јас да бев претседател Лео немаше да си замине. За Барселона тој е клучна фигура и од спортски и од економски аспект. Јас му кажав дека ако сака да замине во САД, или во Азија, како што тоа го сторија Чави и Иниеста нема да му правиме проблеми. Зошто не беше среќен и си замина? Тоа прашање ќе мора да го испратите на друга адреса“, вели Бартомеу.

Тој истакна дека инвестициите во скапи засилувања од калибарот на Кутињо, Дембеле, Гризман не биле грешка, но на крајот ефектот во неговата 7-годипна ера на владеење во Барселона беше минус од околу милијарда евра.

„За Кутињо беа сите во клубот, вклучувајќи ги и тренерите и Меси. И тој сакаше Бразилецот да дојде во Барселона. За Дембеле имавме понуда поголема од парите што ги плативме за него, но тогаш одлучивме дека тој е добра перспектива за клубот и не го пуштивме. За мене и  ангажманот на Гризман беше добар потег. Немаше тука никакви посебни договори, анекси и слично. Само ја плативме комоетно отштетата според клаузулата што ја имаше во договорот со Атлетико Мадрид. Тоа е вистината и Лапорта треба да се разбуди и да не живее во минатото“, вели Бартомеу.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести